„Златно мое, тато ќе те најде“ – таткото на Данка не губи надеж
Потрагата по Данка траеше цела ноќ, a температурата во Бор – источна Србија се спушти на само 6 Целзиусови степени. Цела ноќ хеликоптери заедно со дронови го пребаруваа теренот со термални камери.
Данка исчезна вчера нешто околу 13.45 часот, во приградската населба Бањско поле во близина на градот Бор. Таткото на девојчето сеуште не губи надеж, а на социјалните мрежи напиша: „Златно мое, тато ќе те најде“.
Дај Боже да се пронајде девојчето живо и здраво!
