Златни деца! Ученици од ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп засадија 2.500 садници во атарот на селото Мало Рувци
Денес, во организација на менаџерскиот тим, наставниците и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, а во соработка со ЈП „Национални шуми“, беше реализирана значајна еко-акција за пошумување на опожарената површина во атарот на селото Мало Рувци.
Во денешната акција, беа засадени 2.500 садници од црн бор, багрем, јасен и леска – симбол на нашата заедничка заложба за поздрава животна средина и поубаво утре. Оваа локација претрпе голема штета од пожари во изминатиот период, и беше време да го вратиме зеленилото што го изгуби.
Голема благодарност до младите еко-херои, наставниот кадар, родителите и целата бизнис заедница за нивната поддршка. Ваков ангажман е доказ дека и најмалото дело може да направи голема промена.
