Жител од прилепско во неговата градина пронашол минофрлачки гранати
На 05.05.2023 во 14.10 часот во Полициското одделение Кривогаштани, И.Ѓ.(30) од с.Обршани пријавил дека при извршување работи во градината на неговиот имот пронашол неиспукани гранати.
Полициски службеници извршиле увид, а пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување констатирале дека се работи за три минофрлачки гранати Ф-75 германско производство од Првата светска војна.
Гранатите биле подигнати за понатамошна постапка.
