Жалосно – да не се повтори! Во Прилеп, дедо и внук биле нападнати додека пазареле во колонијална продавница
Во ОВР Прилеп на 08.09.2024 лицето М.С.(36) од Прилеп пријавило дека во колонијална продавница која се наоѓа на прилепскиот булевар „Гоце Делчев“, додека бил заедно со неговиот внук , бил физички нападнат од страна на К.Н.
Врз основа на пријавеното напаѓачот со употреба на тврд предмет го оштетил возилото на М.С.(36) од Прилеп.
Од страна на МВР, се преземаат сите неопходни мерки за расчистување на случајот.
