ЖАЛОСНО! Бројот на ученици во новата учебна година е намален за 17.000 ученици помалку за разлика од пред седум години
Денеска започна новата 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование, каде ќе учат вкупно 245 илјади ученици во основните и средните училишта, меѓутоа она што е шокантно е бројка на ученици која за само 7 години е намалена за 17 илјади ученици. Исто така, голем е бројот и на првачиња кои оваа година наместо во клупите во македонските училишта ќе седнат во школските клупи во некои други земји.
Во истиот период, бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади. Ова е погубно и разочарувачки и е резултат на лоште политики, не само во образованието, туку во сите општествени сегменти, рече на вчерашната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.
