Жалосно! Битолчанец со остри предмети се обидел да ги убие своите деца
СВР Битола поднесе кривична пријава против битолчанецот В.Ф.(42) заради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено, претходно наведеното лице на 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
