Зголемен буџет за култура: 74 милиони денари повеќе од лани!
Сподели го ова:
Зголемен буџет за култура: Министерството за култура и туризам за 2025 година има буџет од 814 милиони денари, што е за 74 милиони повеќе од минатата година. Ова е доказ за посветеноста и поддршката на културата и уметноста.
Од вкупно 2,888 пријави за Годишните конкурси, поддршка добија 1,365 проекти.
Транспарентна евалуација: Со цел максимална транспарентност, однапред беа утврдени критериумите за оценување на проекти и именување на членови на комисиите.
Видно зголемување на буџетските програми: во драмска дејност за 40%, библиотечна, меѓународна и заштита на аудиовизуелните добра за 30%, визуелни уметности, архитектура и дизајн и издавачка дејност за 25%.
Посебен акцент на националните установи: Оваа година, Министерството стави акцент на финансиските потреби на националните установи, со цел да се збогатат со квалитетни програмски содржини.
Планирање и транспарентност: Воведени се промени во начинот на финансирање, делегиран буџет за 18 национални установи, што ќе им овозможи поголема автономија и одговорност.
Инвестиции во инфраструктура: Министерството продолжува со изградба и реконструкција на културни институции
Заштита на културното наследство: Направена е анализа на состојбите во заштитата на културното наследство и планирани се повеќе капитални проекти за следните години.
Поддршка за млади уметници: Годинава посебно внимание е посветено на младите уметници, со поддршка за различни музички жанрови и уметнички проекти.
Меѓународна соработка: Поддржани се проекти за промоција на културата во странство, со акцент на земјите кои се во фокусот на надворешната политика на Македонија.
Фокус на помалку развиени региони: Поддршката за културни активности со цел унапредување на културниот живот.
Соработка со дијаспората: Активности за поврзување со дијаспората и унапредување на соработката со земјите каде што има најголем број иселеници од Македонија.
Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна таму каде што е најважно, во домовите. Во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба, во малите секојдневни моменти што…
Честит празник и нека ни е вековит 11-ти Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ! Водени од идеалите за слободна и суверена македонска држава и носејќи ги на грбот илјадниците жртви на војната, беспоштедно започнуваме борба која подоцна ќе го донесе големото ослободување на нашата Македонија, но и придонес за слободата во Европа. Овој празник,…
Преку одлина интерпретација на песната “Полско цвеќе”, учениците од ООУ “Климент Охридски” од Прилеп му оддадоа почит на Тоше Проески, пред фонтаната во Прилеп која ја краси ликот на нашиот непрежален ангел. Во прилог, слушнете ја маестралната изведба на една од најдобрите песни на Тоше, која оддекна од многубројните музички грла од учениците од ООУ…
Театарот „Војдан Чернодрински“ на 56-от МТФ „Војдан Черндорински“ се закити со две награди, и тоа награда за млада актерка на САРА СПИРКОСКА за улогите во претставата „ДЕКАМЕРОН”, како и награда за современа сценска драматизација на ЛИДИЈА МИТОСКА ЃОРЃИЕВСКА за драматизација и адаптација во претставата „ДЕКАМЕРОН“. Одлука на оценувачката комисија за доделување на наградите на 56-от…
Новогодишните претстави на БАЛАДА, и оваа година ќе бидат дел од новогодишната програма во над 10 градови низ нашата земја. Сето тоа се должи на квалитетот и високиот степен на интеракција на детските новогодишни претстави, кои се пропратени со новокомпонирани детски музички песни – специјално направени за овие театарски проекти. Во моментов од Весел театар…
Како што соопштивме претходно, годинешното издание на “Пиво Фестивал – 2025” ќе се одржи од 18 до 20 јули во Прилеп. Градот под Марковите Кули речиси е подготвен за годинешно издание на пивскиот фестивал на скарата и пивото. Се прават последните подготовки, за да ова лето градот официјално ги пречека и првите гости. Во однос…