Заврши пописот – попишани се преку 99% од граѓаните, попишани се околу 1 милиони и 860 илјади граѓани, околу 570.000 домаќинства и околу 840.000 станбени единици

Сподели го ова:




Заврши пописот – попишани се преку 99% од граѓаните, попишани се околу 1 милиони и 860 илјади граѓани, околу 570.000 домаќинства и околу 840.000 станбени единици.Вчера беше последниот ден од пописот на населението, домаќинствата и становите, при што според изјавите од Државниот завод за статистика , нема да биде побарано негово продолжување. Апостол Симовски-Директорот на ДЗС , уште во средата изрази уверување дека пописот во нашата земја ќе заврши во законскиот рок, а воедно самиот тој потврди дека немаат побарано продолжување. Точно на 05.09.2021 започна пописот на населението, домаќинствата и становите во вкупно 50 пописни региони. Станува збор за статистичка операција која што ќе траеше се до вчера-30 Септември. Меѓутоа, дали нашата земја беше подготвена да изврши ваква прецизна статистичка операција останува да видиме. Она што е интересно е фактот дека дури после 20 години во нашава земја се спроведуваше попис. Во однос на пандемијата со Ковид 19 надлежните истакнуваат дека оваа статистичка операција беше безбедна со почитување на здравствените протоколи. Се очекува со овој спроведен попис да се добие точна бројка во однос на населението и неговиот распоред, а исто така би се добила и прецизна слика за старосната,половата, економската и образовната структура на населението и сл.





Сподели го ова:

Слични објави