ЗАР НЕ СЕ ПРЕСЛАТКИ? И дечињата од прилепските градинки ќе пеат на “Весели ѕвончиња by JANA” со нова компонирана песна од Гоце Балада

Сподели го ова:






























Во втората половина од овој месец во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе се одржи најновото 6-то издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. На фестивалот ќе настапат голем број на учесници од неколку градови од Македонија. од кои најмногу како и секоја година ќе бидат од Прилеп.

Помеѓу новокомпонираните песни кои премиерно ќе бидат изведени овој месец на големата фестивалска сцена во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе бидат и дечињата од највозрасната група од прилепските градинки “Наша иднина”, кои ПРЕМИЕРНО на овој фестивал ќе ја испеат песната “Градинке, градинке”, песна која од сега ќе биде химната на градинките во Прилеп.

Автор на музиката и текстот на оваа песна е на Гоце Балада, човекот кој што две години по ред е прогласен од страна на АКАДЕМИК за најкреативна личност во нашата земја во областа на музиката, културата и маркетингот.

Што се однесува пак до аранжманот за оваа детска песна, истиот е дело на Рубин Димкоски. Уметничкиот директор на фестивал Гоце Балада, упатува голема благодарност до директорката на прилепските градинки Христина Трпческа, која секогаш е отворена за соработка, посебно кога се работи за квалитетни детски проекти.

А како ќе звучи оваа екстра детска песна, ќе слушнете во втората половина на овој месец кога ќе се одржи најновото 6-то издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Што се однесува пак до точниот датум на фестивалот, организаторите на фестивалот официјално ќе го соопштат во вторник на официјалната Facebook страна на “Веселите ѕвончиња”, а СТАНИЦА.МК како и секогаш, прва од медиумите ќе ја објави информацијата за точните термини кога ќе се одржи најновото 6-то фестивалско издание.

Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД” и понатаму урива рекорди! И оваа година се бараше “место повеќе” за учество, меѓутоа како што известуваат директорите на фестивалот, веќе два месеци нема ниту едно слободно место за учество на фестивалот. Меѓутоа, Гоце Балада за сите оние кои не успеаа навреме да се пријават за ова годинешно фестивалско издание, ветува дека веднаш после завршувањето на фестивалот, ќе биде објавен повикот за нови пријавувања на нови учесници за наредниот фестивал кој ќе биде во 2025 година, а пријавувањето ќе можете да го направите преку ФБ профилот на “Веселите Ѕвончиња”.

Искрено, во Прилеп постојат и други фестивали и некои мали хорчиња, меѓутоа прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” километри се разликува од останатите, а ако не ни верувате, прашајте ги илјадниците задоволни родители и учесници кои се дел од популарните Весели ѕвончиња.

Се гледаме оваа година на феееестивал! Ќе биде разиграно, распеано и вееееселоооооо!!!




Сподели го ова:

Слични објави