Заплашува ли бројкава? Во земјава има повеќе од 12.000 активни ковид случаеви

Сподели го ова:




Во земјава моментално има повеќе од 12.000 активни случаеви од Ковид 19. Досега се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820, бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089. Меѓутоа сеуште е голема и бројката на починати од Ковид 19. Според последните податоци од Министерството за здравство за само 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци ( 85г),Крива Паланка ( 67г) и Тетово (64г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години.Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.





Сподели го ова:

Слични објави