Заев вчера соопшти дека поднесува оставка од премиерската функција и од претседател на СДСМ

Сподели го ова:




Заев вчера соопшти дека поднесува оставка од премиерската функција и од претседател на СДСМ, а исто така истакна дека ја презема одговорноста за лошите изборни резултати на изборите, а на политичките опоненти им ја честиташе победата. Меѓутоа она што загрижува е тоа дека Заев истакна дека не треба да има вонредни парламентарни избори, бидејќи според него претстојат две и пол одлични и неповтороливи години за државата од кои што корист ќе имале државата и целиот народ. Меѓутоа врз основа на резултатите од народот на овие избори, може да се заклучи дека народот не е задоволен од политиките на СДСМ. Според членот 93 од Уставот на нашата земја, Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието. Владата има право да поднесе оставка, а оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот и кога Собранието се распушта. Согласно Уставот Владата на која и е изгласана недоверба која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието останува на должност до изборот на нова Влада.



Сподели го ова:

Слични објави