Забележани змии во Прилеп и во центарот на Скопје

Сподели го ова:




Неколку граѓани кои се обратија до нашата редакција сведочат дека виделе змии на влезот на Прилеп во близина на “Плетварска бензиска”. Сето тоа е резултат на горештините што ја зафатија нашата земја, кои доведоа до наезда на змии.Големите горештини кои не зафатија, создадоа таква ситуација која ги предизвика змиите да излегуваат. Кај нас има вкупно 16 видови на змии кои се сретнуваат, меѓутоа само 5 се отровни. Во однос на препораките од експертите, тие секоја година се исти за овој временски период, а тоа е при каснување на змија веднаш помош да се побара во најблискиот медициснки центар. Секоја година кај нас се регистрирани на годишно ниво до 100 случаи на касувања од змија,а ваквиот број е наголем во летниот период

 Деновиве исто така, снимена е змија на градскиот кеј веднаш покрај реката Вардар, односно покрај зградата на МНР. Пред два дена змија била забележана внатре во зградата на Министерството за здравство во Скопје, каде со помош на екипа ЗОО-Скопје змијата веднаш била фатена.

Фото- mk.wikipedia.org/wiki/Податотека:Benny_Trapp_Hierophis_gemonensis.jpg





Сподели го ова:

Слични објави