За три пати намален бројот на жртви во сообраќајки во август во однос на лани

Сподели го ова:




Бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„Им благодарам на мнозинството граѓани кои ни се приклучија во напорите да обезбедиме што е можно побезбедни патишта. Им благодарам и на полициските службеници, кои на пеколни горештини и температури над 40 степени секојдневно даваа придонес за побезбедни патишта. Благодарност и до РСБСП, со кој заеднички ги организираме превентивните активности. Во август оваа година имаме шест жртви во сообраќајните незгоди, а во август минатата година имало 19. Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, рече Ангеловски.За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите.





Сподели го ова:

Слични објави