За само 24 часа 1% од населението примило една доза од вакцината
Повторно се соочуваме со ситуација каде што имаме рекорден број аплицирани дози во само еден ден. Еве во однос на ова, што истакна министерот за здравство: “Желбата на граѓаните за вакцинација многу охрабрува. За да му се вратиме на секојдневието кое сите го посакуваме треба колективен имунитет, а тоа значи што поголем број од населението да се вакцинира. Ве повикувам сите кои се уште се двоумите вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат тешка форма на болеста”-истакна министерот Филипче

