За развој на дигитализацијата во македонското образование ќе помага и Естонија преку експертска поддршка

Сподели го ова:




Вчера во Министерството за образование и наука се одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања и амбасадата на Соединетите американски држави на кој се разговараше за планираните активности во делот на дигитализацијата на образованието и развојот на дигиталните вештини, преку проект поддржан од Естонскиот центар за источно партнерство (ЕЦИП) и финансиран од Естонија и САД.Проектот којшто го започнува Секретаријатот за европски прашања, а е во насока на поддршка на дигитализацијата во нашата земја е дел од приоритетите за носење на европски вредности дома, меѓу кои и дигитализацијата на образованието. Министерството за образование и наука е мапирано како релевантно министерство за споделување на искуства и информации, како и за состојбите во однос на дигитализација на процеси и услуги во образованието, со цел поефективно планирање и дефинирање на понатамошните активности на проектот.Целта на проектот е да се споделат најдобри практитки и искуства од естонската дигитализација, а дел од активностите на проектот вклучуваат: обуки и менторство за релевантните државни службеници и институции во нашата земја, развој и имплементација на решение за е-управување и техничка поддршка и управување со промени. Проектот ќе се спроведува во времетраење од 18 месеци, а започнува преку средби и заеднички работилници со претставници од релевантни институции и други чинители од нашата земја.





Сподели го ова:

Слични објави