За пожарите во Прилепско е испратен и големиот романски авион за гаснење на пожари

Сподели го ова:


Во Прилепско  врз основа на информациите со кои располаме, има во моментов два активни пожари кои се на отворен простор. Првиот пожар е во атарот на селата Дрен и Смолане, каде што на овој простор гори шума како и сува трева. Во однос на овој пожар постои опасност да се зафати и високостеблеста борова шума. Пожарот моментално е локализиран, меѓутоа екипите се сеуште на терен во тој регион. Што се однесува до вториот активен пожар тој се наоѓа покрај магистралниот пат Прилеп- Градско кај селото Топлица. Во Топлица гори сува трева и дабова -букова шума, при што огнот се жири кон атарот на прилепското село Крстец. Вчера во однос на овој пожар во Прилепско беше испратен и големиот романски авион за гаснење на пожари.





Сподели го ова:

Слични објави