ЗА ОВА ТРЕБА ТРПЕНИЕ! Чекаат по неколку часа на граници за да одат на продолжен викенд во други земји
Продолжениот викенд започна, а со тоа започнаа и гужвите на граничните премини. Како резултат на тоа, сообраќајот е со зголемен интензитетот на патните правци.
Дали за време на овој продолжен викенд ќе имаме ситуација каде огромни гужви ќе бидат евидентирани на граничните премини Табановце и Богородица, кои во колони возила ќе чекаат да ја напуштат државата – останува да видиме. Како и да е, за да чекаш на граница по неколку часа навистина треба трпение, посебно во ова жешко време!
