За еден ден се санкционирани 148 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Сподели го ова:


МВР и РСБСП насочени кон зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, особено во летниот период од годината и подигање на свеста за влијанието на заморот на способноста на возачите, но и за последиците што можат да настанат од пребрзото возење и управувањето возило под дејство на алкохол. Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во изминатиот период организираа сообраќајно едукативни активности во повеќе градови, на наплатните станици долж автопатиштата и на граничните премини на кои што возачите беа информирани и едуцирани за  потребата од максимално, целосно и безусловно почитување на сообраќајните правила и прописи.За оние пак кои и понатаму не ги почитуваат законите, МВР продолжува со засилените контроли. Во текот на вчерашниот ден 490 возачи се казнети поради пребрзо возење, а од нив 61 на територија на СВР Велес. Во текот на вчерашниот ден 490 возачи се казнети поради пребрзо возење, а за возење под дејство на алкохол санкционирани се 148 возачи. Засилените акциски контроли, но и превентивните акции продоолжуваат и во наредниот период.





Сподели го ова:

Слични објави