За два дена започнува учебната 2021/2022 година во Општина Прилеп

Сподели го ова:


За два дена започнува учебната 2021/2022 година во Општина Прилеп со отворени училишта за основците и средношколците, со исклучок на прилепската гимназија која ќе започне со online настава. Наставата во училиштата ќе биде со физичко присуство и со полн капацитет, а ќе бидат применувани и соодветни антиковид-протоколи. Ослободени од настава може да бидат само оние ученици кои имаат ретки болести, деца со попречености, како и деца од семејства со хронични болести. Ослободувањето од настава ќе треба да биде по барање од родителите и со дозвола на училиштето. Враќањето во училишните клупи е првото сценарио што пред околу два месеца го подготви Министерството за образование и наука. Исто така предвидено е доколку биде влошена епидемиолошката состојба, а исто така биде зголемен ризикот од ширење на ковид заразата, тогаш во таков случај ќе се премине или со комбинирана настава со наизменично ротирање на две групи ученици – онлајн и со физичко присуство, или пак едни ученици да бидат во училиштата, додека пак другите постојано да следат настава на далечина.





Сподели го ова:

Слични објави