За 6% е зголемен бројот на ученици кои се запишани во стручните технички училишта

Сподели го ова:




За 6% е зголемен бројот на ученици на ниво на цела земја кои се запишани во стручните технички училишта во учебната 2021/22 година. Се отворија 97 дуални паралелки, во стручните училишта во државата, во кои се запишани 1.400 ученици, а минатата година имавме само 11 дуални паралелки. На ваков начин се продолжува со процесот на јакнење и зголемување на атрактивноста на средно стручно образование и во наредниот период, низ партнерски дијалог заедно со реалниот сектор, училиштата и надлежните институции.





Сподели го ова:

Слични објави