За 24 часа-24 починати од Ковид 19 во нашата земја

Сподели го ова:




Кривата се исправа-после две недели непрекинат раст на ново заразени од Ковид 19. Сето ова е резултат на зголемениот интерес за вакцинација кај граѓаните во нашата земја. Врз основа на информациите, можеме да констатираме дека од новозаразените лица со Ковид, 85% од нив се невакцинирани. Во текот на вчерашниот ден на ниво на цела земја има 1.074 нови случаи со Ковид-19 од вкупно направено 7.571 тестирање, додека пак бројката која починала е 24 лица. Тетовскиот ковид центар е тој кој што во текот на вчерашниот ден имаше достигнато големи негативни бројки бидејќи вчера во Тетово имаше девет починати и 18 хоспитализирани од Ковид 19. Врз основа на информациите со кои што располага “stanica.mk” дел од овие заболени тетовчани имале сериозни компликации со коронавирус при што веднаш биле однесени во Скопје.





Сподели го ова:

Слични објави