Втора донација од „Гаро Градба“ за пациентите во прилепската болница

Сподели го ова:





























Во ургентната неврологија, прецизноста често значи време, сигурност и поголема шанса за подобар исход. Токму затоа перфузионите пумпи имаат огромна улога во секојдневната работа на нашиот оддел.

Во прилепската болница интравенската тромболиза кај пациенти со акутен исхемичен мозочен удар веќе е дел од рутинската клиничка пракса. При оваа интервенција, лекот мора да се дозира точно и контролирано — а перфузионата пумпа е апаратот што ја овозможува таа прецизност.

Истата важност ја имаат и во Единицата за интензивна нега при Одделот за неврологија, каде се третираат пациенти со интрацеребрални крварења, хипертензивни кризи, шокови состојби од различна етиологија и коматозни состојби. Кај овие пациенти, терапијата често се води минута по минута, со лекови кои бараат внимателно дозирање и постојано следење.

Затоа и пациент-мониторот не е само апарат покрај болничкиот кревет — тој е наш постојан увид во состојбата на пациентот: притисок, пулс, сатурација и други витални параметри кои се клучни за навремена реакција.

“Со оваа втора донација, „Гаро Градба“ повторно покажува дека поддршката кон здравството не е само формалност, туку конкретна помош која директно се вградува во грижата за пациентите.

Во име на Одделот за неврологија и нашите пациенти, упатуваме искрена благодарност до „Гаро Градба“ за довербата, хуманоста и континуираната поддршка.

Оваа донација за нас значи повеќе сигурност во критични моменти — а за пациентите, подобра и побезбедна здравствена грижа” – порачаа од прилепската болница – Борка Талески.




Сподели го ова:

Слични објави