Вриеше од верници! Во “прилепско Чумово” кај манастирот св. Василиј Острошки вчера беше одбележан празникот “Крстовден”

Сподели го ова:


























Вчера на Крстовден, беше манастирската слава на Манастирот св.Василиј Острошки на Острог, а по тој повод, во прилепско Чумово каде се гради Манастирот посветен на св.Василиј Острошки, имаше голем број на верници кои присуствуваа на светата литургија на Крстовден, која започна во 10-30 часот во прилепскиот манастир.

Манастирот во градба во с.Чумово е посветен на големиот чудотворец св. Василиј Острошки. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни.

Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Светите мошти се наоѓаат во манастирот во Црна Гора.




Сподели го ова:

Слични објави