Времето во Прилеп (среда, четврток и петок)

Сподели го ова:




Денес времето во Прилеп ќе биде претежно свежо и облачно, а исто така се можни и повремени врнежи од дожд како во градот, така и во Прилепската околина. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер кој што ќе биде од југоисточен правец, а температурите ќе се движат од 15 до 22 степени. И утре (четврток), ќе се задржи претежно облачно-посвежо време а температаурата ќе биде во благ пад, при што во Прилеп може да се очекува масималната температура да достигне 19 степени. Исто така и во петок, во Прилеп ќе има услови за локален краткотраен дожд, додека пак намалување на облачноста и целосно стабилизирање на времето се очекува од сабота и за време на цел викенд, каде е превидено целосно намалување на облачноста и пораст на максималните температури во Прилеп и околината. Меѓутоа утринските температури во сабота и недела се очекува да се спуштат и до околу 2 степени.





Сподели го ова:

Слични објави