Впечатоци од свеченото дефиле кое вчера се одржа во Скопје пред Собранието на нашата земја по повод 30 години Независност

Сподели го ова:




Вчера во Скопје пред Собранието на нашата земја се одржа свеченото дефиле кое ја отсликуваше нашата држава, нашата мултикултурна традиција и нашата европска определба, институциите на државата и граѓанскиот сектор, оружените сили, здравството, пожарникарите, земјоделието, индустријата, спортот и културата, како приказ на нашето општество денес, еднакво за сите граѓани. Веднаш потоа започна церемонијалниот дел на програмата за одбележување на 30-годишнината од независноста со изведба на уметнички акт на Филхармонијата сочинет од изведба на Бетовеновата „Ода на радоста“ со вокалните солисти од Националната опера и балет Ирена Кавкалевска – мецо сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Кристијан Антовски – бас, со вклучена кореографија на учениците од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Овој дел од програмата беше затворен со изведбата на антологиската „Абер дојде Донке“ во изведба на Влатко Стефановски.

Можно е да е слика од 1 лице, надвор и текст кој вели „noлиuилa noлиuилa“
Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од еден или повеќемина, луѓе што стојат, армиска униформа, надвор и споменик




Сподели го ова:

Слични објави