ВОЗБУДА КАЈ НОВИТЕ СТУДЕНТИ: Економскиот Факултет во Прилеп, го одржа првиот академски час во новата учебна година
Денеска, 03.10.2022 година во 11.00 часот во Економскиот Факултет – Прилеп во “Амфитеатар I”, се одржа првиот академски час. Имено, денеска новите студенти застанаа на животна крстосница, и ја преминаа т.н. животна линија, при што од деца станаа академски граѓани на кои што им останува ова наше општество. Од денес, новите студенти ќе ги впиваат новите знаења кои ќе ги практикуваат во иднина во развојот на нашата татковина.
Економскиот факултет-Прилеп е основан 1960 година, односно тој е наследник и продолжувач на богатата и креативна традиција на Вишата и подоцна Високата економска школа. Повеќегодишната афирмација како високообразовна институција ја темели врз актуелните економски концепции застапени во наставните планови и програми, врз континуираната научноистражувачка и издавачка дејност и врз аплицираните научни проекти. Исто така, Факултетот остварува контакти и развива соработка со низа факултети и универзитети во и надвор од земјата.
