Во Тетово младоженците направиле свадба иако биле позитивни на корона и тие, и нивните семејства

Сподели го ова:




Во Тетово младоженците направиле свадба иако брзите Ковид тестови кои ги направиле самите тие и нивните семејства биле позитивни. Уште пред свадбата невестата и зетот дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадбата, а на докторот не му пријавиле дека самите тие имаат температура.  Дома, сите во семејството направиле од брзите корона тестови кои што покажале дека сите во семејството се позитивни, меѓутоа како што изјавиле самите тие, тогаш не поверувале на тестовите дека се точни. Капак на се, веднаш после свадбената прослава братот со семјството заминале на одмор во Албанија иако и тој бил заразен. Ништо од ова немаше да се дознае во јавност ако зетот не завршеше на инфективното одделение со пневмонија.





Сподели го ова:

Слични објави