Во светот досега се дадени повеќе од 4,93 милијарди дози вакцини против Ковид-19

Сподели го ова:




Како што пренесува “Анадолија”, досега во светот се аплицирани над 4,93 милијарди дози од вакцините против Ковид-19. Ваквите податоци се објавени на „Ourworldindata.org”, при што од самите тие може да се заклучи дека најмногу дози се администрирани во Кина, а станува збор за над 1,94 милијарди дози. Веднаш после Кина се наоѓа Индија каде што се администрирани над 576,37 милиони дози, на трето место е САД со администрирани 361,68 милиони вакцини. Меѓутоа овдека се поставува прашањето зошто севкупниот број на дози во целост не одговара на бројот на вакцинирани лица? Тоа е така бидејќи поголемиот дел од вакцините се даваат во две дози, а во некои држави, започна да се дава и третата доза на вакцина против Ковид 19.





Сподели го ова:

Слични објави