Во старата битолска касарна започна да се реализира проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“
Денеска во старата битолска касарна започна да се реализира проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, што опфаќа коловоз, атмосферска канализација и улично осветлување.
Асфалтната површина ќе биде од 1550 м2, а вредноста на проектот е 7.382.097 денари.
Овие средства Општина Битола ги обезбеди преку вториот повик на владата од Министерството за транспорт.
