Во срцето на Битола, бесплатен Wi-Fi за сите граѓани

Сподели го ова:





























Претседателот на Совет на Општина Битола, Бојан Бојковски, соопшти убава вест – а тое е дека битолчани добиваат Бесплатен Wi-Fi зво срцето на Битола

“Во април 2025 година, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, предложивме и поддржавме одлука за учество на Општина Битола во проектот „EU4Digital – WiFi4WB“.

Иницијативата беше прифатена, апликациониот формулар беше изработен од ИТ секторот на Општина Битола и доставен до донаторот.

Денес резултатите се видливи на терен: на површина од 5.000 м² во Стариот градски пазар е обезбеден бесплатен јавен интернет за граѓаните, посетителите и трговците.

Ова е уште еден мал, но значаен чекор кон модерна, дигитална и отворена Битола, каде проектите не остануваат на хартија, туку се реализираат во корист на граѓаните.

Продолжуваме одговорно, со конкретни решенија и видливи резултати – истакна Бојан Бојковски.




Сподели го ова:

Слични објави