ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ЗАПОЧНУВА БЕСПЛАТЕН ПРЕНАТАЛЕН СКРИНИНГ ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ ВО ПРИЛЕП

Сподели го ова:





























ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Прилеп за првпат воведува бесплатен пренатален скрининг за сите трудници.

Со ова, идните мајки ќе можат навремено и безбедно да направат проценка на ризикот за хромозомски аномалии и малформации, без потреба да одат во други градови и без дополнителни трошоци за приватни лаборатории.

Скринингот се изведува во:

Прв триместар

12–14 недела

Втор триместар

15–21 недела

Тестот е едноставен и безбеден и опфаќа:

• Крвна анализа

• Ехо преглед

Со него се добива проценка на ризик за:

• Трисомија 21 (Down синдром)

• Трисомија 18 (Edwards синдром)

• Трисомија 13 (Patau синдром)

• Спина бифида и други малформации

Во лабораторијата дополнително се достапни:

Спермограм

Витамин B12

Кортизол

Инсулин

Фолна киселина

Витамин Д

За користење на услугата потребен е само упат од матичен гинеколог или специјалист, а со тоа се овозможува навремена грижа и поголема сигурност за здравјето на мајката и бебето.




Сподели го ова:

Слични објави