Во Прилеп, во паркот на Могила, се врши реконструкција на трибините од стадионот
ЈКП,, Комуналец”- Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа, започнаа активности за целосна реконструкција на трибините од стадионот за фудбал на Могилата.
Се извршува зацврстување и поправка на челичната конструкција од безбедносни причини, замена на штафни и поставување на нови пластични седала. Воедно, се извршува и комплетно чистење на околината околу стадионот.
