Во Прилеп моментално има 232 активни случаеви на Ковид 19

Сподели го ова:


Расте бројот на активни случаеви на Ковид 19 во земјава. Врз основа на последните податоци, моментално во Прилеп има 232 активни случаеви, што значи дека бројката повторно почнува да се зголемува, со надеж дека нема да ја достигнеме онаа бројка на голем број на заболени прилепчани со која се соочивме во зимскиот период. Во однос на останатите градови во Скопје активни се 5.214, во Тетово има  2.042 случаеви, Гостивар 1.394, Куманово има 896 заболени, Струмица 698, Кичево 636, Струга има 507 активни случаеви, Охрид 408, Битола 254…Заклучно со последните информации во нашата земја од почетокот на пандемијата вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица изнесува 174 667, а од нив починале 5.842 пациенти





Сподели го ова:

Слични објави