Во Прилеп и Крушево започна процесот на вакцинирање против сезонски грип
Од денес, ЈЗУ Здравствен дом -0 Крушево заедно со ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп, започнаа со вакцинирање против сезонски грип. Вакцинација против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Вакцинацијата против сезонскиот грип не е задолжителна. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи:

-Лица со хронични заболувања
-Здравствени работници
-Бремени жени
-Деца на возраст од 6 месеци до 5 години
Вакцинирај се!
Заштити ги твоите пациенти!
Заштити ги твоите најблиски!

















