Во Прилеп и Битола за два дена полицијата казни точно 100 мотоциклисти!

Сподели го ова:





























На 15.05. и 17.05.2026 на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, при што констатирани 104 прекршоци во сообраќајот од страна на мотоциклистите. На подрачјето на Битола санкционирани се 53 возачи, а на подрачје на Прилеп санкционирани се 47 мотоциклисти, додека четири на подрачје на Македонски Брод. Од нив, вкупно 47 прекршоци биле констатирани за некористење на заштитен шлем-кацига, 28 санкции за управување без возачка дозвола, девет прекршоци за нерегистрирани мотоцикли, мопеди. Притоа, констатирани биле четири прекршоци за измината важност на осигурителна полиса, изречени се две мерки за управување под дејство на алкохол, како и 12 останати прекршоци. 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави