Во Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет
Во Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на настанот кој што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“.
“Преку проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, на учениците, родителите и наставниците им се доближуваат конкретни алатки и насоки за безбедно користење на интернетот, со фокус на превенција, родителска контрола и создавање сигурна дигитална средина за децата и младите.
Настанот имаше едукативна и интерактивна компонента, преку која учениците на интересен и прилагоден начин учеа како безбедно да се движат во дигиталниот свет, како да препознаваат ризици и како одговорно да ги користат онлајн содржините. Преку разговор, примери и активности, се поттикна нивната свест дека интернетот може да биде простор за знаење, креативност и забава, но само кога се користи внимателно и со поддршка од возрасните.
Како Општина Прилеп, остануваме посветени на соработката со Министерството за дигитална трансформација и на унапредување на услугите за нашите сограѓани.
Безбедниот интернет е заедничка одговорност, на институциите, училиштата, родителите и на младите.
Само заедно можеме да создадеме подобар и побезбеден дигитален простор за сите” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
