Во Прилеп активни се 336 случаеви на Ковид 19

Сподели го ова:


Во Прилеп моментално се активни 336 случаеви на Ковид 19, бројка што искрено не е за потценување. Дел од прилепчани вакцинирани и со две дози, а дел пак не…Меѓутоа како и да е, заболуваат и вакцинирани и невакцинирани, а маски речиси и да не се носат во затворен простор, сите како да мислат дека вирусот поминал, дека веќе се е минато, меѓутоа се очекува оваа есен нов бран врз основа на кој што ќе треба да се зголеми бројот на новозаболени-слично како минатата есен-меѓутоа оваа есен се очекува таквиот број да биде многу помал во однос на лани-истиот овој временски период. Врз основа на вчерашните објавени податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, направени биле 3.029 тестирања, а регистрирани биле нови 550 случаи со Ковид-19. Според податоците за само 24 часа од Ковид 19 починале 12 лица.





Сподели го ова:

Слични објави