Во Прилеп, 75 годишен дедо возејќи автомобил, удрил во велосипедист кој веднаш бил пренесен во прилепската болница

Сподели го ова:






























На 05.04.2025 година во 12.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на улицата „Андон Слабејко“ во Прилеп, патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки управувано од О.Ѓ.(75) удрило во велосипед управуван од М.Т.(50), инаку двајцата од Прилеп.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави