Во последните 24 часа-нови 24 заболени прилепчани од Ковид 19

Сподели го ова:




Во последните 24 часа на ниво на цела земја се направени 4.618 тестирањe, а регистрирани се 674 нови случаи на КОВИД-19, од кои 24 во Прилеп. Пријавени се 27 починати лица: 7 починати лица од Тетово ( 49г, 69г, 71г, 74г, 74г, 81г и 89г), 6 починати лица од Гостивар ( 37г, 65г, 71г,72г,74г и 76г), 5 починати лица од Скопје ( 49г, 60г, 68г, 78г и 87г),по 2 починати лица од Дебар(49г и 61г) , Свети Николе (58г и 73г) и Струга(36г и 77г), и по едно починато лице од Куманово (63г), Струмица (56г) и Велес (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Регистрирани сe 403 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.149.699 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.330, бројката на оздравени пациенти е 155.101, на починати е 5.869, а бројот на активни случаи изнесува 14.360





Сподели го ова:

Слични објави