Граѓаните повторно ќе одмараат! Им претстои продолжен викенд од цели четири дена
Се ближи Велигден-празникот на светлината и воскресението, празникот кој што ја соопштува големата радосна вест, а по повод овoј голем христијански празник за граѓаните од христијанска вероисповед, неработен ден ќе биде петокот на 10 април. Веднаш потоа, 13 април (понеделник), вториот ден на Велигден исто така е неработен ден за христијанските верници.
Повеќе од очигледно е дека граѓаните повторно ќе одмараат, бидејќи им претстои продолжен викенд од цели четири дена. Поминете ги во духовна радост и меѓусебно разбирање, славејќи го Христовото воскресение!
Нека ни бидат за многу години претстојните големи – празнични денови!
