|

Во неделата пред повеќе од 1000 гледачи за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:




Во неделата во Прилеп за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” Во неделата публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, од неделата Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!! Во неделата фестивалот го отвори креаторката на фестивалот, 6-годишната Јана Илиеска, која верувале или не, сама си ги направи мелодијата и текстот за нејзината најнова песна која носи наслов “Модерна”, а веднаш потоа следеше Јована Димитриовска од Прилеп која има 6 години. Јована е разгалена од сите по дома, од тато, мама, од нејзината сестра, а нејзината тетка Ане секогаш неа ја гали, додека пак нејзиниот тетин Владе дека Јована е многу слатка-секаде се фали – па како резултат на тоа на фестивалска сцена вчера настапи Јована со песната “Разгалена”. Веднаш после Јована, екстра песна испеа и Мила од Прилеп која има 9 години. Интересно за оваа девојка е тоа што самата таа е талентирана за цртање и пеење, а најмногу сака да стане популарна Јутуберка, па врз основа на тоа, има и сопствен youtube Kanal -“Mustic Mila”. Како резултат на ова, Мила настапи на овој фестивал со песната “Јутуберка”. Дека ова е најактуелен фестивал каде што настапуваат деца од цела наша земја, доказ е и следниот учесник кој настапи на овој фестивал, а тоа е Гоце од Крушево кој е вистински згоден фраер, фраер кој што е вљубен во една Сара, па поради неа тој со сите се кара, бидејќи Сара била негова Симпатија. Ист ваков наслов “Симпатија” имаше и песната која што крушевчанецот Гоце ја испеа на оваа фестивалска сцена, а дали неговата Сара беше присутна на овој фестивал-искрено не знаеме.Веднаш после Крушевчанецот Гоце настапи и Теодора Настоска од Прилеп со песната “Другарство”. Инаку Теодора по втор пат пееше на овој Детски Фестивал. Можеби ќе се сетите на неа, таа во 2019 година на Весели Ѕвончиња го испеа големиот детски музички хит “Ех да имам дома слон”-хит кој што живее и до ден денес, а оваа година на годинешното фестивалско издание публиката имаше можност да ја слушне со нејзината најнова песна “Другарство” Хитовите кои што ги прават маестро Гоце Илиески-Балада и Јана Илиеска се слушаат по дома, во градинки, во училишта и во диско,а во диско оди и кучето Лиско-а дека тоа е навистина така преку песна потврди и Матеја Цветковска од Прилеп која ја испеа песната “Кучето лиско”. Следна на фестивалската сцена настапи Илина Наумоска од Прилеп со песната “За љубов, среќа и мир” која преку песна ќе испрати љубов низ цела земјина шир, а веднаш после Илина свој настап имаше еден згоден прилепски фраер кој се вика Ѓорѓи Стојанов со песната “Таковино моја мила”, песна каде што Ѓорѓи пееше за нашата татковина. Следен учесник кој што имаше чест да настапи на оваа сцена беше талентираната Матеја Николоска од Прилеп која ја испеа песната “Музичка Ѕвезда”, а веднаш после неа следеше песната “Возиме велосипед”, која што ја испеаа две прекрасни дечиња кои ни доаѓаат од Радовиш, а тоа се Нина и Мартин Божиноски.Со оваа песна на овие прекрасни деца од Радовиш заврши детскиот музички блок при што веднаш потоа следуваше тинејџерскиот музички блок. Преминот од детскиот кон тинејџерскиот музички блок, беше најавен со песната “Сестра и братче” која ќе ни ја испеат тинејџерката Теона и нејзиното помало братче Михаил. Инаку Теона по трет пат е дел од Весели Ѕвончиња, а нејзиното талентирано братче Михаил се надеваме дека и во иднина ќе продолжи да чекори по стапките од неговата сестра Теона на овој најактуелен детски музички фестивал. Штом заврши оваа песна официјално беше отворен и тинејџерскиот музички блок каде што настапија тинејџери од повеќе градови од нашата земја, а честа да го отвори тинејџерскиот музички блок и припадна на Антица Секулоска од Прилеп и нејзината песна “Рокен-рол”, а веднаш после неа следуваше Елеонора Симоноска од Општина Крушево со една интересна љубовна песна која носи наслов “Вљубена јас сум во Зоран”. Веднаш после неа, на оваа фестивалска сцена по трет пат настапи уште една Елеонора, меѓутоа оваа Елеонора не доаѓа од Крушево, туку од Прилеп, и испеа една ултра модерна песна со наслов “Елеонора-Ели”-токму како што се вика и самата таа. Следна која ја слушнавме вчера на фестивалската сцена беше Викторија-Вики Стојановска која испеа песна во модерен призвук и уникатен ритам, токму како што е самата таа, а песната носеше наслов “Како за мене роден”, а веднаш потоа следеше и фраерот од Радовиш-Анастас Михајлоски, кој по трет пат му ја доверува довербата на Гоце Илиески Балада да му направи песна, а оваа година Радовишанецот Анастас настапи со песната “Која да ја одберам”. Откако преку песна ни стана јасно која девојка ја одбрал Анастас, веднаш потоа честа да го затвори фестивалот и припадна на Ангела Релушковска од Општина Крушево, а за неа чичко Гоце Илиески Балада направи екстра песна, песна која како што и сите останати, со сигурност ќе прераснат во вистински музички хитови. Не знам дали знаете, дека сите песни од сите фестивалски изданија на Весели Ѕвончиња by JANA, постојано-секојдневно се пуштаат на 7-8 локалните телевизии-посебно во утринските детски тв блокови, а целосната снимка од фестивалот секоја година се емитува на Национална Телевизија. Како што напоменавме и на почетокот, овој фестивал е поддржан со официјална видео поддршка од голем број на музички ѕвезди од народната и забавната музичка сцена како што се: Јоце Панов, Миле Кузманоски и многу други. Фестивалот и годинава беше поддржан главниот медиумски покровител “STANICA.MK”, која е првата станица на интернет каде што најбрзо пристигнуваат најновите информации и новости-па затоа редовно следете ги новостите од овој најчитан прилепски информативен портал, бидејќи на оваа станица најбрзо пристигнуваат најновите информации, и секогаш точно, објективно и проверено. Веселите Ѕвончиња исто така посебна благодарност истакнаа и до: Општина Прилеп, Фан Продукција-Зоран Пилоски од Прилеп, Комфи Ангел од Прилеп, Магрони и најдобрата LADANA VODA, Стара Фурна-Прилеп, R Music Studio, Друштвото за едукација Академик, Балада Арт Продукција-Прилеп, Витаминка-Прилеп, Милк Комерц од Радовиш и БИТ КРАФТ-Прилеп. Како што напоменавме и претходно, доколку сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, родителите своите деца ќе можат да ги пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!! Преку овој фестивал прилепчанецот Гоце Илиески Балада внесе една нова, современа музичка модерна димензија во детските песни, и покажа како се прават квалитетни ултра модерни детски песни, па како резултат на тоа внесе нов модерен правец на детската музичка сцена. Прилепчани навистина треба да бидат горди на Гоце Илиески Балада, бидејќи во однос на неговите идни музички, детски и уметнички проекти кои ќе се реализираат во иднина, можам со сигурност да Ви кажам дека прилепската младина ќе има посебна привилегија да учествува и ужива во неговите детски музички, културни и уметнички проекти кои што ќе следат во иднина, уметнички проекти како што градот Прилеп навистина заслужува.





Сподели го ова:

Слични објави