Во недела на 21 септември “СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД”! Најстарата велосипедска манифестација во Прилеп започнува за 6 дена
В.К. & Сервис ИЛИНДЕН, Општина Прилеп и СУС на град Прилеп Ве покануваат да земете учество на Најстарата велосипедска манифестација:
“СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД ’25”
– Оваа година манифестацијата ќе биди дел од “Европската недела на мобилност” која ќе се одржува од 16-22 септември со која град Прилеп по примерот на современите Европски градови ќе го промовира алтернативниот начин на превоз како дел од секојдневниот живот.
Патека: Прилеп – с. Мало Коњари -:Прилеп;
Старт: 12:00ч. од Центарот на Прилеп, рекреативно возење до училиштето “Страшо Пинџур” во центарот на с. Мало Коњари каде ќе има пауза од половина саат после која организирано се враќаме до центарот на градот каде и завршува манифестацијата;
– Награди: Традиционално за Нај Млад и Нај Стар учесник.
