Во Крушево на 09 август – литија во чест на Свети Климент Охридски
Благочестиви христијани, на 09.08.2026 година, недела, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.
После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.
Од архиерејското намесништво ги покануваат сите христијани, да се поклонат на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски! На Литијата ќе чиноначалствува Епископот дремвитски г. Давид во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован со бројно свештенство. Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“, ќе се одвива по крушевската главна улица, а ќе заврши со повторно враќање при храмот.
