Во духот на верата и традицијата, Чонески и неговиот тим на средба со Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован и Протоереј Тони

Сподели го ова:





























Денеска во просториите на Општина Крушево, Градоначалникот Нико Чонески и неговиот тим остварија средба со Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован и Протоереј Тони.

На средбата, покрај духовните вредности и значењето на традицијата, се разговараше и за развојот на Општина Крушево, заедничката грижа за заедницата и можностите за унапредување на соработката во насока на општото добро на граѓаните.

Градоначалникот Нико Чонески упати благодарност за посетата и конструктивниот разговор.




Сподели го ова:

Слични објави