Во центарот на Прилеп се одржа завршниот концерт на ООУ ‘Климент Охридски”
Со силен аплауз, многу емоции и преубави мелодии, вчера симболично беше спуштена завесата на настапите на распеаните ученици од ООУ Климент Охридски за оваа учебна година! Завршниот концерт на ООУ ‘Климент Охридски” беше вистинска круна на целиот труд, вежбање и талент кои вредно ова прилепско училиште ги градеше изминатите месеци.
Иако претстои уште малку работа до официјалниот крај во училишните клупи, овие млади уметници веќе покажаа дека се вистински шампиони на сцената.
Браво за секоја отпеана нота и докажаната креативност!
