Во Битола пристигна големиот пријател на Македонија, Котецу Казухиро
Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, во неговиот кабинет имаше пријателска и пријатна средба со големиот пријател на Македонија и амбасадор на Македонската култура и музика Котецу Казухиро.
“Разговаравме за идните планови и проекти на овој голем уметник, маестро на оперското пеење од Токијската опера и вљубеник во Битола. Неговата љубов, пасија и воодушевеност од нашата култура, нашата музика а особено од Битола ве остава без зборови, па заедно ја разгледавме можноста за гостување и концертен настап заедно со неговите пријатели на Битолската културна сцена” – истакна Коњановски.
