Во Битола и Прилеп започнува полагањето на испитот за возачка дозвола
Започнува процесот на полагање на испитот за возачка дозвола во Пелагонискиот регион, откако после повеќе од еден месец беше прекинат процесот на полагање заради недоследности во Авто мото испитен центар „Супер возач“ ДООЕЛ Битола- правното лице кое спроведува испити за возачи на моторни возила за сите категории.
Термини за полагање на одложените возачки испити и информација за прием на нови кандидати за возачи ќе бидат објавени на интернет страницата на АМИЦ Супер Возач Битола. Кандидатите чии испити беа одложени ќе бидат лично контактирани“ – известуваат од „Супер возач“
