ВНИМАВАЈТЕ: Здравствените работници апелираат да не се претерува со јадењето на мрсна храна

Сподели го ова:


Здравствените работници апелираат да не се претерува со јадењето на мрсна храна. Оваа препорака се однесува посебно на граѓаните кои што ги постеа целите велигденски пости, бидејќи наглото јадње на јајцата, мрсната храна и алкохолот можат да создадат конкретни проблеми со жолчката, желудникот, црниот дроб и панкреасот.

За Велигден секоја година граѓаните имаат поставено богата трпеза каде што се јаде тешка и масна храна, која што може да создаде разни тешкотии кај човечкиот организам, и да се доведе до нарушување на цревната флора на граѓаните. Здравствените работници апелираат овие денови да не се јаде многу и обилно, туку напротив, да се јаде помалку, да се јадат помалку мрсни оброци, како и да се пијат повеќе течности кои што ќе ја разредат мрсната храна, која што граѓаните ја консумираат за време на велигденските празници.





Сподели го ова:

Слични објави