Внимавајте! Во автомобил е пронајдена змија
Денеска, ТППЕ – Кичево изведе една спасувачка акција по пријава на приватна компанија дека во нивното возило има змија. Веднаш на лице место интервенираше ТППЕ Кичево, при што влекачот кој беше долг околу 120см откако беше изваден од автомобилот беше пуштен во природа-онаму каде му е местото.
Како што истакнуваат од ТППЕ- Кичево, пред неполна седмица исто така добиле пријава за вадење на змија. Затоа внимавајте, со појавата на летните горештини, се зголемува и појавата на змии.
