АПЕЛ ДО ВЕРНИЦИТЕ – ВНИМАВАЈТЕ ВЕЧЕР СО СВЕЌИТЕ! Да ја сочуваме убавината на црковните дворови!
Во пресрет на вечерашната богослужба кога ќе биде возгласено Христово Воскресение низ црковните храмови ширум земјава, ве замолуваме да внимавате со свеќите, и да не дозволувате непотребно капење на восок по калдрмата и плочките во црковните дворови.
Исто така, после објавувањето на радосната вест, не ги оставајте свеќите потпрени и запалени во црковните дворови затоа што неповратно се уништува црковниот двор, и со ништо не може да се отстрани восокот и саѓите од каменот и плочките.
Да се грижиме и да ја зачуваме убавината на македонските православни христијански храмови за следните генерации.
Среќни велигденски празници!
